Мицкоски: Иселениците почнаа да се враќаат – вработеноста порасна на 705.000

News

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека дел од македонските граѓани кои ја напуштиле државата во последната деценија полека почнуваат да се враќаат и да ја планираат иднината во Македонија.

Тој овој тренд го поврза со позитивните бројки за вработеност, наведувајќи дека дел од повратниците веќе воспоставуваат контакти со институциите со цел да отворат сопствен бизнис.

Според податоците што ги посочи Мицкоски, во третиот квартал годинава бројот на вработени достигнал 705.000, наспроти 698.000 во третиот квартал лани. Во исто време, бројот на невработени се намалил од 98.000 на 91.000.

„Ова е охрабрувачка вест… Овој параметар е добар и охрабрувачки“, изјави премиерот, додавајќи дека враќањето на иселениците може дополнително да ја зголеми вработеноста и бројот на нови бизниси во земјава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *