Многу институции сè уште не го спроведуваат законот за јазици

news
Advertisement

Државниот инспекторат за спроведување на Законот за употреба на јазиците има само 6 лиценцирани инспектори, а одобрение за нови вработувања годинава, нема. Досега инспекциски надзор бил извршен во 120 институции, но иако имало пропусти, ниту една не е санкционирана. Како што информираат од Инспекторатот, институциите бараат одложување на рокот правдајќи се со големиот обем на работа, а малкуте преведувачи.

Advertisement

„Во моментов Инспекторатот има 6 лиценцирани инспектори, а уште двајца ќе добијат лиценца во мај. Немаме одобрение од Министерството за финансии за вработувања во 2023 година. Почнавме со инспекциски надзор во министерствата, дирекциите, агенциите, општините. Досега се извршени инспекциски надзори во 120 институции, но засега не се изречени санкции“, наведуваат од Инспекторатот за спроведување на Законот за јазици, пренесува Алсат.

Во некои институции недостига волја за спроведување на законот, односно таму каде што не можат да го избегнат спроведувањето, наоѓаат законски дупки за одолговлекување на процедурите. Во една општина, таблата се менува еден месец, а во друга не е доволна ниту една година. Буџетот што Владата му го додели на Инспекторатот е ист колку лани, односно околу 260.000 евра. Според директорот, овој буџет не бил доволен ниту лани, па нема да биде ниту годинава.

line apart
Во меѓувреме, премиерот Ковачевски денеска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ каде беше промовиран проект за дигитализација, спомена низа проекти кои се реализираат со цел зачувување и афирмирање на македонскиот јазик. Но, кога го прашавме, не можеше да спомене ниту еден конкретен проект на Владата за албанскиот јазик и за спроведување на Законот за јазици.

Според Ковачевски, сите институции ќе ги спроведат законските директиви, бидејќи според него, примената на јазиците што ги зборуваат другите заедници во земјава не ограничува ничии права. Во која било институција граѓаните имаат право да бараат документи на албански јазик, а доколку тоа не е можно, случајот можат да го пријават во Инспекторатот или на веб-страницата на оваа институција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.