Наледи Репаја, српска снаа од африканското племе Зулу, која живее во селото Мало Црничe кај Пожаревац, на TikTok откри интересен начин како да се разликува органското од прсканото овошје и зеленчук.
Наледи, која веќе ја освои публиката со својата љубов кон српската кујна – подготвува сарма, проја, ајвар и кисела зелка – сега го привлече вниманието со својот „експеримент“.
Во најновата објава под наслов „Експеримент: AI овошје vs природно“, таа покажа краставица од својата градина и објасни дека е алергична на прскано овошје, кое шеговито го нарекува „AI овошје“.
„Видете го ова грозје – не е прскано. Пчели има насекаде околу него, тоа значи дека е природно. Она што го јаде пчелата или мравката, можеме и ние,“ објасни таа. Потоа покажа шливи и додаде: „Овие се прскани. Нема живот во нив. Правилото е едноставно – што не јаде мравка, не јадам ни јас.“
@naledirepaja Expiriment AI voće vs prirodne voće #village #justlove #onthisday #foryou #f ♬ original sound – Zulu Srpska Snajka
За да ја докаже својата теорија, таа ставила садови со грозје и со сливи еден до друг. Пчелите се задржале токму на грозјето, а сливи останале недопрени.
Нејзината објава предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Фановите ја нарекоа „кралица“ и „жена за сите времиња“, а многумина и порачаа: „Блазеси на мажот што има ваква сопруга!“
Со едноставен совет и мал експеримент, Наледи уште еднаш успеа да ја спои традицијата, природата и модерниот начин на живот, инспирирајќи многумина да се вратат кон здравата исхрана.
Извор: Kurir.rs