Advertisement
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи на конференцијата по Самитот на лидерите на земјите од Отворениот Балкан, му се заблагодари на премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, иако, како што вели, може да биде критикуван во Црна Гора за тоа.
Advertisement
Донесе многу тешки одлуки. За 100 дена работа Владата направи повеќе од своите претходници – рече Вучиќ.
Порака за Дритан Абазовиќ имаше и албанскиот премиер Еди Рама.
– Сум видел неколку премиери кои останаа подолго на функцијата кога беа “разрешени” отколку кога ја презедоа функцијата. Мислам дека ќе урива рекорди, а сигурен сум дека неговите противници ќе зажалат што го сменија, бидејќи полесно ќе беше да го избркаат да не го направеа тоа – рече низ смеа.
Advertisement