Пред една година заедно, сега поделени – Ахмети за „огнената група“: Тажен да, вознемирен не!

news
Advertisement

Ниту годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег не ги спои.

Advertisement

Иако пред 1 година првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со Ахмети и други сопартијци положи цвеќе кај споменикот на Скендербег, оваа година тој не беше присутен.

Тоа е затоа што Ганиу сега е со „огнената група“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за медиумите рече дека никому не му е забрането да дојде да ја одбележи 555-годишнината од смртта на Скендербег.

„Споменикот на Скендербег овде го постави ДУИ, со одлука на Град Скопје и тоа е капитално, монументално дело и е идеолошка, стратешка и политичка определба на ДУИ“, вели Али Ахмети.

Иако имаше многу прашања за „огнената група“, Ахмети рече дека е уморен и не сака долго да зборува на оваа тема.

„Секој ден нема да зборуваме на оваа тема. Тажен и духовна болка да, но вознемирен не“, додаде Али Ахмети.

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити критикуваше дека во ДУИ веќе нема демократија. Според Ахмети, нивниот пристап е погрешен, но додаде дека и понатаму тие остануваат негови пријатели и соработници.

„Не, никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели, мои соработници, имаат многу погрешен пристап, анализите што ги прават, значи јас сум Ким Јонг Ун како се вика овој на Северна Кореја. ДУИ е, мислам, една од најдемократските партии, најотворената на овие простори и ќе работиме уште понапорно да бидеме максимално транспарентни, така што ова нема врска со диктатурата“, посочи Али Ахмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.