Приведен разбојник од Прилеп, поднесена му е кривична пријава и одреден притвор

news
Advertisement

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при МВР, денеска во соработка со Секторот за внатрешни работи Битола – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп и Одделот за униформирана полиција при БЈБ расчистиле кривично дело „разбојништво” извршено во аптека во Прилеп.

Advertisement

Имено, како што соопштија од МВР, на 27 јули, И.З.(28) со закана со остар предмет кон вработената одзел пари.

На 3 август, по добиена судска наредба полициски службеници ивршиле претрес во домот на И.З. во Прилеп, при што тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и во службен разговор тој го признал делото.

– До Основното јавно обвинителство Прилеп денеска против него е поднесена кривична пријава по член 237 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во КПД Битола, соопштија од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.