Кајганата со спанаќ (или блитва) важи за еден од најдобрите избори за појадок, велат нутриционистите. Во еден оброк добивате добра комбинација од протеини, здрави масти и важни микронутриенти, а притоа лесно се вари и брзо се подготвува.
Зошто кајганата со спанаќ е толку добра?
Јајцата се богати со комплетни протеини, помагаат подолго да останете сити и содржат витамини од Б-групата, како и витамини Д и А, плус холин. Спанаќот, пак, носи многу хранливи материи со малку калории – железо, магнезиум, калиум, витамин Ц, витамин К и фолна киселина.
Зошто е одлична опција и за слабеење?
Комбинацијата од протеини (јајца) и влакна (спанаќ/блитва) може да помогне да се стабилизира шеќерот во крвта и да се намали потребата за грицки до ручек. Затоа овој оброк е добар избор и за оние што внимаваат на линијата – не само за појадок, туку и за полесна вечера.
Ако сакате да го збогатите вкусот, можете да додадете фета сирење или печурки.
Како се подготвува?
Во сад изматете јајца со грст спанаќ и малку сол, па испржете на малку масло. Послужете со краставица или домат.