Сопствениците на барот во Кран‑Монтана признаа: немало систем за гаснење пожар, излезите биле блокирани!

News

Сопствениците на швајцарскиот бар каде загинаа 40 лица, а 116 беа повредени, Жак и Џесика Морети, признаа дека објектот немал спринклер-систем, а вработените не биле обучени за постапување при пожар. Излезите за итни случаи биле блокирани, а меѓу повредените имало и малолетници.

Според исказите на Морети, вечерта во клубот „Ле Констелејшн“ започнала мирно. Џесика пристигнала околу 22:30 часот, додека Жак се наоѓал во друг локал „Сенсо“. До пожарот дошло кога келнери носеле шишиња со запалени прскалки до масите.

„Одеднаш почувствував немир во толпата. Видов портокалова светлина во еден агол од барот. Веднаш извикав ‘Сите надвор!’ и ги повикав пожарникарите“, раскажа Џесика.

Жак, кој бил во „Сенсо“, добил паничен повик од сопругата околу 1:28 часот: „Гори, дојди веднаш!“ Кога пристигнал, клубот веќе бил полн со чад, главниот влез непрооден, а задната врата заклучена одвнатре. Заедно со уште две лица ја обиколил зградата и ја отклучил вратата.

Пожарот го предизвикале прскалки, а трагедијата отвори прашања за безбедноста и надзорот во угостителските објекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *