Со пари за КОВИД, купиле лимузина

news
Advertisement

Јавните набавки поврзани со заштитата од Ковид-19 изобилуваат со проблеми и ризици од корупција, се вели во извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Тие регистрирале случаи кога јавна институција означила набавка за заштита од Ковид-19 на која се јавил само еден понудувач, а институцијата всушност купила службен автомобил со кожен волан, шест звучници, металик боја.

Advertisement

Голем број нелогичности се јавуваат и кај цените што различни институции ги плаќале за ист производ. Па така, Институтот за белодробни заболувања во Козле за еден брз антиген тест платил 118 денари, што е далеку помалку од Центарот за јавно здравје во Прилеп, кој еден ваков тест го чинел 420 денари, иако многу поевтино може да се купи во аптека. Сличен е примерот и за набавка на N-95 маски. Министерството за одбрана за една маска платила скоро три денара, додека Клиниката за очни болести – осум. И двете институции набавувале по 13 илјади маски.

„Ако се земат двата тендера во кои се купени по 13.000 маски, разликата во цената меѓу нив изнесува дури трипати, односно на едниот тендер е постигната цена за една маска која е за 195 % повисока од цената постигната на другиот тендер“, велат од Центар за граѓански комуникации.

Од Центарот за граѓански комуникации забележале и дека на тендерите на кои се јавувал по само еден понудувач, фирмата некако успевала да ја „погоди“ тежината на набавката, иако сумата не била јавна. Оттаму се сомневаат дека сумата му била „шепната“ на понудувачот за тендерот за ковид-реагенси да успее.

„Проценетата вредност на набавката за првиот дел изнесувала 7.826.000 денари, а за вториот дел 876.520 денари и договорниот орган не ја објавил. Но и двата понудувачи ја погодиле проценетата вредност до денар и понудиле идентични износи од 7.826.000 денари и 876.520 денари по коишто, на крајот и се склучени договорите за набавката“, нагласуваат од Центар за граѓански комуникации.

Исто така, според извештајот, голем број од институциите воопшто не биле транспарентни при фазата на преговарање со фирмите од јавната набавка. Инаку, најновиот извештај се однесува на 40 од вкупно 77 јавни набавки од втората половина на минатата година, кои тежат 1,25 милиони евра./alsat.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.