Водителката Елена Стефановска, во јавноста позната како Елена ,,Живот со стил” (поради истоимената емисија која ја води веќе 12 години), вчера направи свадба за паметење во скопскиот хотел „Double Tree by Hilton.“
Пред најблиските пријатели, роднини и соработници го склучи граѓанскиот брак со нејзиниот избраник и нејзина најголема љубов – Бојан Најдоски. Водителката се пресоблече двапати. Во првиот дел од прославата носеше романтична, светкава и раскошна бела венчаница со тул, кој се влечеше по земјата, од брендот „Mila nova“, косата и’ беше собрана во бујно опавче, а целосниот стајлинг беше заокружен со круна и вел на главата, кој исто така паѓаше до подот.
Во вториот забавен дел таа носеше мини бела венчаница украсена со пердуви долу на работ, горе пресечена на едниот ракав, целосно прекриена со светкава мрежа, која слободно паѓаше.