Попладнево голем пожар зафати стан во Тетово, при што едно лице го загуби животот, а друго е повредено.
На местото на настанот веднаш интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица, кои продолжуваат со целосно гаснење на огнената стихија.
Повреденото лице е пренесено на укажување лекарска помош, а неговата здравствена состојба засега не е соопштена.
Причините за пожарот сè уште не се познати. По целосното гаснење, надлежните служби ќе извршат увид за да ги утврдат околностите на настанот.
Повеќе информации ќе бидат објавени по официјалното соопштение од институциите.