Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, го прослави својот 24-ти роденден со семејството и пријателите во престижен ресторан.
Со добра атмосфера и специјалитети, Уна сподели посебни моменти со следбениците на социјалните мрежи.
На фотографиите што ги објави, насмеаната Уна позира со нејзиниот татко Здравко, кој ѝ подари огромен букет црвени рози.
Инаку, Уна претходно се пофали со скапата чанта што ја доби како подарок. Станува збор за парче од модната куќа „Луј Витон“, а цената е 2.800 евра.
Здравко Чолиќ не штеди кога станува збор за желбите на неговите ќерки – неодамна потрошил богатство на семеен одмор, додека партнерот на Уна, 10 години постар од неа, избрал петзвезден луксузен хотел, каде што ноќевањето е речиси 400 евра.
И додека претходно имаше шпекулации за идентитетот на нејзиниот партнер, Уна неодамна објави заедничка фотографија, ставајќи крај на сите шпекулации.
Фото: Инстаграм
Извор: Telegraf.rs