УХМР најавува промена на времето: Маглата ќе се расчисти, еве кога ќе врне дожд и снег

News

Маглата во котлините ќе се задржи и во следните денови, но од среда се очекува расчистување, повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места, како и слаб до умерен ветер, информира УХМР.

Температурите ќе останат високи за овој период од годината и ќе се движат од -2 до 7 степени наутро, а преку ден до 10 степени Целзиусови.

До вторник времето ќе биде стабилно и тивко, со појава на магла во некои котлини и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег поради спуштањето на постуден воздух од север.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *