Филипче до Мицкоски: Не се заканувај, потпиши ја Резолуцијата за мигрантите

News

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски по објавените информации во британските медиуми за можен прием на мигранти во Македонија.

Филипче го повика Мицкоски „да не се заканува“, туку да одговори дали ќе ја потпише Резолуцијата за прекинување на процесот на прием на мигранти за пари.

„Премиерот треба да одговори јасно: ќе ја потпишете ли Резолуцијата или не? Нека ја потпише. Тоа е единствениот начин да се одбраниме од нешто што може да ја загрози безбедноста на државата“, изјави Филипче, додавајќи дека Резолуцијата добила сила поддршка од коалиционите партнери.

Тој нагласи дека СДСМ ја доставил Резолуцијата до сите политички партии и повика ВМРО-ДПМНЕ и премиерот да ја потпишат заедно и да ја изгласаат во Собранието. „Ако нема скриена агенда, тогаш ќе ја потпишеме“, истакна Филипче.

Филипче, исто така, потсети дека документот бил достапен за јавноста и дека сите политички претставници имале можност да го видат. На крај, додаде дека ако ВМРО-ДПМНЕ стои на страната на државата, ќе ја потпише Резолуцијата, а ако не, граѓаните ќе го видат тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *