(ФОТО) Елизабета, сопругата на Стево Пендаровски отпатува за Англија, па покажа колку и е студено

news

За разлика од сопругите на другите истакнати македонски политичарки, првата дама на Македонија,Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.

Advertisement

Понежната половина на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски за пошироката јавност не е непознаница.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.

Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.

8

При секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.

-Стево постојано се обидува да нѐ заштити од несаканите влијанија поради неговиот политички ангажман, особено во одредени тешки периоди минатите години.

Многумина дури и денес го гледаат (како што реков и тогаш) како строго лице од ТВ-екраните, токму поради сериозноста на темите за кои зборува, но, ние дома го знаеме како прекрасен сопруг и татко, базично чесен и исклучително толерантен“, изјави во едно интервју Елизабета.

Сопругата на претседателот е добро позната и по нејзините хуманитарни активности. Како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ семејството Пендаровски неколкупати подготвуваше храна за бездомни и социјално загроз ени лица.

Елизабета на својот фејсбук профил објави дека отпатувала за Англија од каде што објави фотографија. Притоа откри дека е во Универзитеот Гринвич Медвеи Кампус во градот Чатам.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.