Момците кои годинава учествуваа во извлекување на Светиот крст од водите на Крива Река решија да ја донираат наградата на деветчлено семејство Димитровски од Крива Паланка, кое има најголема потреба од поддршка.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека овој гест е вистинска израз на вера, храброст, човечност и солидарност.
„Гордо можам да кажам дека во нашата општина имаме млади луѓе кои нè потсетуваат дека добрината, грижата за другиот и заедништвото се најголемите вредности на едно здраво општество“, објави градоначалникот.
