Четири клана се борат во СДСМ, тоа е единствената причина зошто досега не е избран нов директор на АНБ, вели Николоски

news
Advertisement

Во однос на изборот на директор на АНБ, постапката за избор трае шест до седум месеци вкупно досега. Единствената причина зошто досега не е избран нов директор на АНБ е затоа што постои клановска битка во рамки пред се на владејачката СДСМ кој од клановите таму ќе наметне свој директор на АНБ. Еден клан е близок до министерот за внатрешни работи, друг клан е близок до генералниот секретар на партијата, трет клан е близок до поранешниот премиер, четврти клан е близок до актуелниот премиер. Четири клана се борат во рамки на СДСМ кој да наметне директор на АНБ и затоа му го направија тоа понижување на Виктор Димовски да дојде на комисија за контрола на АНБ, да предложи директор за внатрешна контрола и СДСМ, партија на која е член а бил и функционер, да не му направи кворум на собраниската комисија што е прв пат во историјата на Собрание мнозинството само на себе да не си прави кворум, одговори на новинарски прашања Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Advertisement

– Тоа е во изборот на АНВ, во однос на оставката тој сеуште е актуелен директор, оставка во политика е морален чин, дури и да знаете дека мандатот ви завршува за 5 дена, ако денес направите грешка треба да поднесете оставка затоа што тоа е чисто морален чин. Во однос на испраќање амбасадор во Франција се надевам дека ќе има доблест и министерството за внатрешни работи и кандидатот за амбасадор да ја отворат за јавност комисијата за надворешни работи, не гледам што има тајно во амбасадорување во Франција па да заеднички поразговараме дали одговара или не одговара да биде амбасадор во Франција, додаде Николоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.