АА: Таравари ја имам подршката од 75 члениови на собранието ,Села да имаше навистина поддршка од 75 члена, Таравари нема да ни се обратеше преку Фејсбук

news
Advertisement

Меѓу собирот во Куманово и состанокот во Тетово Собранието денеска треба да расправа за разрешувањето на двајцата министри од крилото на Таравари
Арбен Таравари го премина рубиконот во поделбата на партијата каде што е претседател – Алијанса за Албанците – сега се очекува реакцијата на другата моќна личност, Зијадин Села. По вчерашниот собир во Куманово со членови на Централното собрание на партијата Таравари објави дека била донесена одлука за приклучување кон опозицијата.

Advertisement

„Делегатите гласаа за мојот предлог. Ви благодарам од сè срце за довербата! Алијансата за Албанците официјално одлучи да се приклучи на опозицијата! 8 мај е поблиску од кога било! Промената започна!“, објави Таравари на Фејсбук.

По состанокот, портпаролот Блерант Рамадани рече дека присуствувале 75 членови на Централното собрание на Алијанса и сите едногласно одлучиле да ја потпишат декларацијата со која му даваат поддршка на партискиот лидер да започне коалиција со опозиционерите од албанскиот блок.

Во спротивствениот блок велат дека бројките се измислени и дека состанокот бил нелигитимен. Во изјава за „Слободен печат“, генералниот секретар на партијата и министер за правда, Кренар Лога, вели дека собирот во Куманово бил обична „средба со граѓани“.

„Да имаше навистина поддршка од 75 члена, Таравари нема да ни се обратеше преку Фејсбук, туку ќе нѐ победеше во Централното собрание. Настанот беше, како што и самите најавија, средба со граѓаните“, вели Лога.

Другото крило предводено од Села за утре во 13 часот во Тетово има закажано Централно собрание. Колку членови на собранието ќе се појават никој не можа да каже со сигурност.

Членовите на Собранието, дале поддршка на Таравари, партијата после изборите да биде проевропска и во насока на политиките на САД. Рамадани додаде дека Алијанса на Албанците има 29 членови на централно раководство, а синоќа биле присутни 17. Тие едногласно ја прифатиле иницијатива на претседателот и му дале поддршка.

Во обраќањето на собирот во Куманово, Таравари, како што пренесе Алсат, порачал оти на 9 мај, еден ден по изборите, Алијанса за Албанците ќе биде главен одлучувачки фактор за иднината на земјава.

Тој зборувал за оние во партијата што мислат поинаку.

„Тие мислат различно од нас. Тие мислат дека промени се прават со ДУИ. Ние мислиме дека промените се прават преку Алијанса за Албанците и со некои други албански партии“, рекол Таравари.

Во исто време, тој се обиде да се дистанцира од забелешките дека со ваквото престројување му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во постизборните математики.

„Со целосна одговорност велиме дека нема да станеме дел од влада која не би ги направила уставните измени и која не прифаќа почеток на преговорите со ЕУ“, рече Таравари.

Меѓу собирот во Куманово и состанокот во Тетово Собранието денеска треба да расправа за предлогот на техничкиот премиер Талат Џафери за разрешување на двајцата министри од крилото на Таравари: Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество. На нивно место треба да бидат избрани Илир Демири и Наим Бајрами

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.