Advertisement
Малолетничка е тешко повредена откако вчера автомобил излетал од патот Охрид-Кичево кај селото Мешеишта.
Advertisement
Според пријавеното, патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Р.(59) од струшкото село Долно Татеши, излетало од патот.
Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР охрид.
Advertisement