Advertisement
Две лица се повредени кога во нив утрово удрил автомобил на паркинг во Кавадарци.
Според информациите, тоа се случило рано утрово во 04.20 часот на улицата „Цветан Димов“, кога автомобил „фолксваген голф“ удрил во Ќ.И.(23) од Кавадарци и К.Б.(24) од с.Ваташа.
Advertisement
Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил Ќ.И., а со телесна повреда се здобила К.Б., констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
Advertisement