Агенцијата за Врботување на РСМ , објави јавен повик до работодавачите од приватниот сектор

news
Advertisement

ЈАВЕН ПОВИК до работодавачите од приватниот сектор кои имаат потреба да обезбедат квалификувана работна сила преку обука на невработени лица.
Обуката ќе ја спроведуваат верификувани спроведувачи на обука, согласно претходно верификувана програма од страна на надлежна институција.
Трошоците за лицата кои ќе посетуваат обука изнесува 11.000 денари месечен надоместок, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест, како и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Трошоците за обука кон спроведувачите на обука изнесуваат до 30.000 денари по лице вклучено на обука.
Работодавачот е должен да вработи најмалку 50% од лицата што успешно ја завршиле обуката со полно работно време во времетраење од најмалку 6 месеци.
Оваа мерка Агенцијата за вработување ја спроведува во соработка со UNDP MK.
Јавниот оглас ќе биде отворен до 30.11.2024 година, односно се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Заинтересираните работодавачи можат да поднесат Пријава за учество на следниот линк: https://forms.office.com/e/LDV3LjzEqd.
Повеќе информации на следниот линк: https://av.gov.mk/oglasi-za-rabotodavaci.nspx

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.