Адвокатот Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјала, соопшти Мицкоски

news
Advertisement

Заедно со другите именувања во Министерството за внатрешни работи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека ќе може да се состави добар тим кој ќе обезбеди изборниот процес да се одвива според нивните, но и според очекувањата на граѓаните
Во врска со кандидатот за технички министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, лидерот на опозицискта партија кажа дека имајќи го предвид неговиот долгогодишен ангажман во ова министерство, добро ја познава неговата работа и структура
Адвокатот Панче Тошковски ќе биде кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада на 100 пред изборите закажани на 8 мај, соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Advertisement

Мицкоски го соопшти името и на кандидатот за технички министер за труд и социјална политика и кажа дека тоа ќе биде Ѓоко Велковски, за кого рече дека долго време работи во ова министерство.

Откривајќи го името на кандидатот за министер за внатрешни работи, Мицкоски наведе и дел од неговиот бекграунд.

Техничкиот министер за внатрешни работи ќе биде адвокатот Панче Тошковски, предлог од ВМРО-ДПМНЕ. Беше член на Централниот комитет на партијата, моментално ја води партиската комисија за правни работи. Бил член на неколку конгреси, бил дел од Министерството за транспорт и врски и моментално работи во адвокатската канцеларија, рече Мицкоски.

Заедно со другите именувања во Министерството за внатрешни работи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека ќе може да се состави добар тим кој ќе обезбеди изборниот процес да се одвива според нивните, но и според очекувањата на граѓаните.

„Со другите именувања во Министерството за внатрешни работи, согласно закон, нели, 15 по вертикала и останатите отприлика десетина проценти од вкупниот број на службеници по хоризонтала ценам дека може да се состави добар тим за да се обезбеди колку-толку изборниот процес да се одвива онака како што ние очекуваме, а и граѓаните“,додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашање дали може да го каже името на началникот на Секторот за внатрешни работи Скопје, кој исто така треба да го предложат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тие структури сè уште не ги дефинирале во партијата.

„До недела има време. Во недела е гласањето на кабинетот на техничкит премиер. Деновиве со луѓето од комисијата за безбедностс на ВМРО-ДПМНЕ ќе седнеме и ќе разговараме за имињата на луѓето кои ќе го сочинуваат тимот на техничкиот министер за внатрешни работи“,кажа Мицкоски.
Во врска со кандидатот за технички министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, лидерот на опозицискта партија дека кажа имајќи ја предвид неговата долгогодишна работа во ова министерство, добро ја познава неговата работа и структура.

Спомена и дека едно време беше генерален секретар на Град Скопје.

На забелешка на новинарката дека бил разрешен од оваа функција од градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски рече дека тој се повлекол.

„…па не, тој се повлече, па потоа знаете оние лупинзи коишто се правеа на јавна сцена, коишто не би сакал сега да ги коментирам, беа така претставувани од раковдството на Град Скопје“,

рече Мицкоски.
За Велковски, како докажан професионалец, Мицкоски рече дека ќе даде додадена вредност во техничката влада.

„Ценам дека како долгогодишен професионалец во рамките на Министерството може да даде додадена вредност во овие 100 дена, да обезбеди да имаме имаме добро водење на Министерството, а воедно и да влијае да биде спречен поткупот којшто знаете дека пред новогодишните празници на голема врата беше најавуван од страна на Владат“,

рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Предлог на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителен заменик-министер за финансиии во техничката влада е Елена Петрова, за информатичко општество Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

За Петрова, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека е дипломиран економист и дека повеќе од 25 години работи во Управата за јавни приходи. Според него, станува збор за исклучителен профсионалец за кого цени дека може многу да придонесе за конкурентен тим во Министерството за финансии.

Таа, како што наведе Мицкоски, досега не била политички ангажирана, но како професионалец може да даде вредност во Министерството за финансии и оти тоа ќе се почувстува. За неа, како што додаде тој, партијата има планови во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

За предлозите за министри и заменици-министри вечерва заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.