Аделина Тахири му приреди луксузен тематски роденден за синот Јон: „Мајнкрафт магија и маскоти“

Аделина Тахири му приреди луксузен тематски роденден за синот Јон: „Мајнкрафт магија и маскоти“

news
Advertisement

Аделина Тахири му приреди луксузен тематски роденден за синот Јон: „Мајнкрафт магија и маскоти“

Advertisement

Познатата албанска пејачка Аделина Тахири го прослави роденденот на својот син Јон со вистински спектакл, внимателно осмислен до последен детаљ. Роденденската прослава се одржа во духот на популарната видео-игра „Мајнкрафт“, со елегантна и креативна декорација во нијанси на зелена боја.

На забавата имало по нешто за сите возрасти – од игри и анимации со животински маскоти за најмладите гости, до одлична атмосфера и дружење за возрасните. Роденденската торта, исто така, била инспирирана од темата „Мајнкрафт“, совршено вклопена во целокупниот тематски роденден.

Меѓу фотографиите што пејачката ги сподели на социјалните мрежи, особено внимание привлече онаа во која Аделина е во прегратка на својот сопруг Јоже, со широка насмевка и задоволство на лицето – момент кој дополнително ја нагласува семејната атмосфера и значењето на овој посебен ден.

РЖМ – Г.Д.Г
Фото: Инстаграм

Advertisement