АИРЛИЈА! Арсовска го враќа споменикот на Ќосето!

news
Advertisement

Неправдата конечно е исправена. Со 23 гласа „ЗА“ на денешната седница на Советот на Градот Скопје беше донесена одлуката за враќање на спомен-обележјето на Андон Лазов Јанев – Ќосето!

Advertisement

Ќосето претходно беше отстранет од пред зградата на Врховниот и Апелациониот суд во Скопје, во периодот кога градоначалник беше Петре Шилегов од СДСМ.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска веднаш по доаѓањето на функцијата најави дека споменикот на Ќосето ќе се бара и доколку тоа го сакаат граѓаните, истиот повторно ќе биде поставен на друга локација.

Споменикот на Ќосето, согласно денешната одлука на Советот, ќе се постави на крстосницата на улицата „Беласица“ со булеварот „Александар Македонски“ во близина на трговскиот центар „Ист Гејт“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.