Ако разговорите со Алијанса за Албанците продолжат во добар дух, може да има проширување на владиното мнозинство, вели Ковачевски

news
Advertisement

Доколку со Алијанса за Албанците се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам, и ако разговорите продолжат во добар дух како и досега, може да се случи проширување на владиното мнозинство, рече денеска премиерот.

Advertisement

Нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии што ја делат визијата за европската иднина на државата. Доколку со Алијанса за Албанците се усогласиме комплетно на овие основни принципи за иднината на државата, а во тоа не се сомневам и ако разговорите продолжат во добар дух како и досега, може да се случи проширување на владиното мнозинство, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали се преговара со Алијанса за Албанците за нивни влез во Владата.

„Одговорот што го даде претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не се разликува многу од одговорот што јас го дадов. И јас кажав дека со партијата Алијанса за Албанците и со нејзиниот в.д. претседател Арбен Таравари разговарав за европската иднина на државата и за сите одлуки што треба да се носат. Исто така, кажав дека нашата владина коалиција е отворена за сите политички партии кои ја делат таа визија и дополнително кажав дека разговаравме конкретно и за сите оние закони и реформи кои се однесуваат на владеењето на правото, борбата против корупцијата и економските политики односно антикризните мерки за справување со оваа огромна економска и енергетската криза во која се наоѓа земјата и Европа“, рече Ковачевски.

Тој рече дека не се сомнева дека со Алијанса за Албанците ќе се усогласат затоа што таа партија секогаш и во изминатиот период покажала дека ги поддржува сите одлуки кои се однесуваат за европската иднина на државата, како европскиот предлог така и другите законски решенија кои биле предложени.

Во однос на црвените линии кои Алијанса за Албанците ги има, а за кои Таравари рече дека нема да ги надминат ако им се понуди влез во Владата, Ковачевски нагласи дека во секои разговори секој од учесниците има свои претпоставки врз основа на кои настапува.

„И јас кога разговарам за постигнување некаков договор имам одредени услови што треба да бидат задоволени и има минимум услови кои мора да бидат исполнети. Така да нормално е тоа да го каже Таравари“, додаде премиерот.

За тоа дали разговарале со коалицискиот партнер Алтернатива според која владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од негово проширување, Ковачевски се согласи дека Владата е стабилна, со 64 пратеници што се потврдило со изборот на Ристо Пенов за министер за локална самоуправа и на двајцата уставни судии.

Кажа дека со дел од коалициските партнери, секојдневно комуницира на одреден распоред, како и со министрите од Алтернатива, но дека се уште тоа не било тема на разговор со нив.

„Не сме разговарале, меѓутоа мислам дека доколку сите сме определени за продолжување непречено на патот на државата во европските интеграции, тогаш мислам дека лесно ќе ги постигнеме сите согласности“, смета Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.