Алармантна состојбата со голема кашлица во Македонија, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести

news
Advertisement

Од вчера до денес уште два случаи на голема кашлица во Скопје. Состојбата алармантна, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Advertisement

Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд за лица заразени со голема кашлица, ќе имаме голем проблем. Денеска уште еднаш апелираа во вакциналните пунктови да се јавуваат деца кои не се имунизирани против голема кашлица.

Има носи случаи, вчера беа 10, денеска се 11 со дијагностицирана голема кашлица и таа бројка ќе оди нагоре, со оглед на ситуацијата со вакцинацијата. Оваа болест е високо заразна и опасна по живот особено за лица односно доенчиња до 12 месечна возраст и може за жал да заврши фатално или да остави трајни последици“, изјави д-р Беким Зеќири, директор на Центарот за јавно здравје.

На удар се и децата во школска возраст. Апелот од докторите е родителите сериозно да ја сфатат состојбата со вакцинацијата.

Две недели се потреби по вакцинација за да се разбуди имуниот одоговор на организмот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *