Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите

news
Advertisement

Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, благодарение на Албанија која одлучи да му помогне во овие тешки денови, јавија албанските медиуми.

Advertisement

Министерството за економија на Албанија попладнево соопшти дека е договорено земјата да испорачува струја со цел граѓаните на Косово без прекин да се снабдуваат со електрична енергија.

Пренесуваат и најава од косовското министерство кое најавува соработка и со ” други за да ја надмине енергетската криза”.

Рестрикции во снабдувањето со електрична енергија во Косово беше најавено да почнат од денеска попладне. (МИА)

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.