Албанка уапсена во Македонија по само три часа откако починал нејзиниот невенчан сопруг

Албанка уапсена во Македонија по само три часа откако починал нејзиниот невенчан сопруг

news
Advertisement

Advertisement

На 06.10.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, од болницата во Дебар било пријавено дека кај нив бил донесен починат Ј.А.(67) од с.Скудриње, општина Маврово и Ростуше. Според пријавеното, тој паднал од дрво и починал додека со неговата невенчана сопруга Џ.Б.(53) од Република Албанија собирале костени. Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште во обид да ја напушти државата. Таа била задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Advertisement