Албанскиот актер не го заборави Благојче: На овој ден изгубивме пријател, изгубивме воин, изгубивме човек кој веруваше во подобро утре

news
Advertisement

Познатиот актер Елмир Сејфулаи со потресен статус на годишнината на смрта на Благојче кој почина од Цистична фиброза.

Advertisement

На денешен ден изгубивме другар, изгубивме борец, изгубивме човек кој веруваше во подобро утре, во промена, во добивање лек за сите. Благојче ја изгуби битката со болеста пред една година заради неагилноста на институциите, заради бирократските процедури…
За да го зачуваме неговиот спомен, АЦФ одлучи почнувајќи од оваа година (27ми март, ден на неговото раѓање) да организира настан во негова чест кој ќе го носи неговото име.
Почивај во мир Благојче и вечен да ти е споменот!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.