Александар Спасеновски можен канидат за претседател номиниран од ВМРО-ДПМНЕ

news
Advertisement

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски е еден од имињата на скратената листа како можни канидати за претседател на државата кои би добиле поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Ова во интервју за весникот „Коха“ го открива самиот поранешен пратеник, а вели и дека официјално се уште нема разговарано со лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски за евентуалната негова кандидатура.

„Овој исход претставува сатисфакција во два дела: прво, тоа претставува валоризација на моите ставови; второ, овој одличен резултат е постигнат без било какви задкулисни сугестии, лобирања или влијанија во самата партија“

Тој нагласува дека внатрепартиската дебата се приближува до финалето, а какви ќе бидат резултатите од таквата дебата, не може со сигурност да потврди.

„Но знам дека заедно со нашиот тим во континуитет трпеливо го афирмираме нашиот поглед на нештата и веруваме во исправниот карактер на нашите идеи. Јасните сигнали на поддршка на – верувам ‘тивкото мнозинство’ членови на партијата се убава потврда за ова што го говорам. Сосема на крај, да заклучам: сатисфакција би била можната кандидатура за претседател на државата, но последниот збор го има партијата и тоа го почитувам“вели Спасеновски во интервјуто за „Коха“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.