Алергија на амброзија: Оваа намирница спречува чешање и гушење

news
Advertisement

Секој петти човек во светот е алергичен на полен, а од 24-те растителни видови кои се мерат како алергени на нашите простори, амброзијата предизвикува најбурни алергиски реакции. Како да ги препознаете симптомите и како да ги ублажите, дознајте во продолжение. Поленот од амброзија изгледа како топка со шилци, односно има мали куки кои се закачуваат за слузокожата на горните дишни органи и на тој начин предизвикуваат големи алергиски проблеми: кивање (и повеќе од 10 пати по ред), чешање на носот, течење на носот, насолзени и црвени очи, кашлица, отежнато дишење со чувство на недостаток на воздух.
Покрај респираторните проблеми, се случуваат и промени на кожата во вид на црвени печати и чешање, а може да настанат и компликации на органите за варење, придружени со повраќање, грчеви и дијареја (пролив), особено ако постојат вкрстени реакции со храна која ја потенцира нејзината алергогеност и доведува до влошување на акутната состојба.
Намирниците кои можат да предизвикаат реакции вклучуваат лубеници, дињи, тиквички, краставици, банани, костени, домати, зелена салата, а поретко ориз и пченка.
Како чест проблем со алергиската кијавица се појавува и астмата.
Како да се ублажат симптомите?
За ублажување на симптомите и спречување на потешки манифестации, најдобра е комбинацијата на превентивни мерки и лекови (антихистаминици). Алергиската астма бара лекување со хормони-кортикостероиди, кои се даваат во форма на таблети или пумпи за инхалација, што сигурно е поквалитетна терапија, бидејќи се користат мали концентрации на хормони кои дејствуваат локално, таргетно (на ниво на бронхиите). За терапевтски цели може да се користат различни препарати на база на полен. Имено, поленот како фармацевтска суровина се користи за производство на алергенски раствори за лекување на поленска треска. Екстрактите од полен содржат фракции на поленски, во вода растворливи, протеини, кои дејствуваат како алергиски десензибилизатори.
Со храна против алергените
Благодарение на антиоксидантот кверцетин, кој го блокира дејството на хистаминот и ги штити белите дробови од алергени, одличен лек е неизлупенјабоо лко, а сличен дејство има и бромелаинот во ананасот. Поради магнезиумот во себе, зелениот лиснат зеленчук го запира кивањето, ги штити белите дробови и ги прочистува дишните патишта. Листовите од коприва додадете ги во супата, питата или зачинете ја со сок од лимон, па послужете ја како салата. Како додаток на месото и слатките, користете нане, кое ги ублажува симптомите на алергија.
Апитерапија
Производите од пчела можат да помогнат да се намалат алергиските реакции до 75 отсто – доволно е да се земаат две лажици мед дневно. Медот е делотворен и во комбинација со коприва: помешајте половина килограм свежо набрана билка, измелена во машина за мелење месо, со двеста грама мед. Смесата ставете ја во тегла и чувајте ја во фрижидер 10 дена, со повремено мешање. Секое утро на празен стомак земајте по една лажичка од смесата.
Целер во комбинација со мед: Исцедете го сокот од свежите листови и корени на растението и ставете го во тегла, а потоа додадете мед колку што има сок во теглата. Сè измешајте (со дрвена лажица) и чувајте го во фрижидер седум дена.
Доза: Три пати дневно по една лажичка, половина час пред јадење, од крајот на летото до почетокот на есента.
Проблемите со респираторниот тракт можете да ги решите ако измешате лажичка мелен црн ким со две лажици мед и две здробени чешниња лук. Доза: Една лажичка од смесата наутро на празен желудник во текот на три недели.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.