Advertisement
Advertisement
Алпинистката Ирина Арсова со следбениците на социјалните мрежи сподели дека станала доктор на науки во САД. Таа во Америка замина по врската со Маестро Игор Џамбазов.
„Чест ми е да споделам дека на 25 март 2025 успешно ја одбранив мојата докторска дисертација. Сега и официјално сум експерт за родови прашања, спорт и медиа кои несомнено водат кон социјални промени.
Ви благодарам на сите што ме храбревте и поддржувавте во овој долг, изолиран и сопствен рефлексивен процес на учење и надградување.
Наскоро повеќе детали… чувајте се и само преку знаење, етика и солидарност заедно да изградиме една подобра држава и иднина за сите“, напиша Арсова на социјалните мрежи.
42-годишната планинарка ја постигна посакуваната цел да стане доктор на науки.
Advertisement