Американски тим за санкции дојде во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај функционери

news
Advertisement

На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот, порача американскиот амбасадор
Американски тим пристигна во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери. Вест за пристигнувањето на Твитер ја објави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Advertisement

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“,

објави Агелер.

Амбасадорката уште во пресрет на нејзиното доаѓање јасно порача дека нејзин фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата, а дека корупцијата ја кочи Северна Македонија таа јасно порача и во нејзините јавни настапи во земјава.

Агелер: Корупцијата продолжува да го кочи напредокот на С Македонија, иако земјата чекори кон ЕУ

И заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар минатата недела најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

Ескобар: САД ќе продолжат да воведуваат санкции на Балканот, корумпираните треба да се тргнат од одговорни позиции

За потсетување, меѓу последните кои САД ги сместија на црната листа се поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на УБК Сашо Мијалков со нивните потесни семејства. Објаснувањето од американската влада беше дека ова е одговор на нивната вмешаност во значителната корупција.

САД ги сместија Груевски и Мијалков на црната листа

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.