СДСМ има коалициски договор со ДУИ за Албанец премиер и ќе дозволи за да се порадуваат 100 дена.
Ги чувствувам директно последиците од „балансерот“, треба да се вработуваат најдобрите, истото важи и за унапредувањата и го чувствувам тоа директно како директор на ЦУК. Имам извонредни Албанци, но мала е бројката а и тие што се квалитетни си заминуваат од државата. Во Скопје бројот на Албанци не е соодветен и е далеку над дозволеното.
Самоувереноста и храброста на ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од Пржинската Влада е интересен потег зошто покажува дека се убедени во предноста. СДСМ си има коалициски договор со ДУИ за Албанец премиер и ќе дозволи за да се порадуваат 100 дена. Пржинската влада постои како заштитен механизам за организирање избори, штом опозицијата се откажува не гледам зошто да има техничка влада пред избори, рече Стојанче Ангелов во вечерашната Само Вистина.
Извор. https://kanal5.com.mk/angelov-przhinska-vlada-ne-treba-da-ima/a613833