Андоновиќ: Прекин на дијалогот Белград Приштина – Курти сака војна по секоја цена обвинува Вучиќ

news
Advertisement

Дијалогот е целосно бесмислен и нема никаква смисла за понатамошни разговори со Курти. Со ваков тон вчера српскиот претседател Вучиќ се обрати до српската јавност образложувајќи ја причината зошто во наредниот период нема да учествува во дијалогот со Приштина.

Advertisement

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Вучиќ го обвини косовскиот премиер дека сака војна по секоја цена, и дека оттаму нема дијалог со него.

Ја критикуваше и меѓународната заедница дека иако декларативно го осудува сепак длабоко зад очите на јавноста дава целосна поддршка на политиката на Курти

На мета на критики на Вучиќ особено се најде мисијата ЕУЛЕКС, која ништо не прави да ги спречи овие насилства над Србите на Косово

Вучиќ посочи и дека против Србија се води хибридна работа и дека дополнително се криминализираат Србите од северот на Косово особено лидерите на Србите од северот на Косово, кои секогаш се претставени како криминалци, убијци, наркодилери и крадци.

Приштина, според српскиот претседател ги претепала уапсените Срби додека уапсените косовски специјалци кои беа пресретнати на српска територија, според неговите зборови, имаат удобен престој во српските затвори до затворањето на истрагата.

Оттаму Белград засега ги суспендира разговорите со Приштина поставувајќи услови:

Пред било какви разговори Приштина мора првин да ги ослободи сите приведени Срби, и да се повлече одлуката на Косово за забрана за влез на камионите со роба од Србија.

На меѓународната заедница и порача дека сè додека го поддржуваат, како што рече, нивното галениче Курти, нема да има дијалог со Србија.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, претходно упати покана до Вучиќ и Курти да ги продолжат разговорите на средбата во Брисел, со цел смирување на тензиите.

Вучиќ кратко изјави дека и доколку биде принуден да отиде во Брисел, нема да има никаков ефект каков било евентуален дијалог со косовската страна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.