Анѓушев ќе ја обжали одлуката на САД: Нема основа да ми го ограничат влезот

news
Advertisement

Поранешниот вицепремиер и бизнисмен Кочо Анѓушев најави дека ќе ја обжали одлуката на Соединетите Американски Држави кои му забранија влез во земјата нему и неговото семејство, со образложение за вмешаност во корупција.

Advertisement

Анѓушев тврди дека во текот на неговиот мандат во Владата работел со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја.

Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи. Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби“, вели Анѓушев.

Додава дека има фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и е американски даночен обврзник, како и партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД. Додека служел како вицепремиер во македонската Влада, вели дека силно се залагал и работел за зачленување на земјата во НАТО, го поддржувал зачленување во ЕУ, и ги поддржува и сега сите активности кои се преземаат во тој правец.

Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департмент и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата“, додаде Анѓушев во реакцијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.