Арачиново на протести против ЕВН

news
Advertisement

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими денеска им се придружи на протестите пред канцелариите на ЕВН во Скопје, јавува ТВ21. Ибрахими вели дека е неприфатливо жителите два дена да останат без струја. Тој апелираше компанијата да ги исполни обврските кон граѓаните и што поскоро да го санира проблемот.

Advertisement

„Неприфатливо е сите овие граѓани на овој ден да се соочат со голема неправда. Континуирано ја следиме состојбата, не знам чија е целта, кому му одговара ситуацијата да ескалира, неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата ЕВН. Обврска на компанијата ЕВН е да преземе итни мерки, да воспостави ред и ред како и во сите други општини, само ова бараме, ништо повеќе“, рече меѓу другото Ибрахими.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.