Искусниот играч за врска Арменд Алими и во вториот дел од сезоната останува дел од фудбалскиот клуб Работнички.
По денешната средба со раководството на клубот тој го продолжи договорот до крајот на шампионатот. Алими од утре ќе се приклучи на подготовките на тимот во Охрид.
„Романтичарите“ в петок ги очекува нов пријателски натпревар овојпат со второлигашот Охрид, а на 6 февруари ќе имаат тест и против Воска Спорт.
Составот предводен од тренерот Милан Илиевски од 11 јануари ги започна зимските подготовки, претходно како нови засилувања ббеа ангажирнаи Кире Маркоски, Стефан Деспотовски, Филип Илиќ, Атхе Мазари, потоа Методи Максимов се пресели во Шкендија, а првиот професионален договор со Работнички го потпиша Амар Хаџибулиќ.
Работнички до сега одигра два контролни мечеви, во Богданци со 3:0 го совлада Кожуф, а во Охрид ремизираше со битолски Пелистер (1:1).