Арсовска: Скопје ќе биде украсен и за тоа за многу помалку пари од претходно

news
Advertisement

По обвинувањата дека само македонската престолнина сѐ уште не е украсена за претстојните новогодишни празници, градоначалничката Данела Арсовска се јави со свое објаснување за ситуацијата.

Advertisement

Не ја разбирам потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи, и оваа година во истиот период како на тајмер партиските војници да констатираат дека ‘Скопје е тажно’ и дека ‘Скопје нема да се накити’ за време на новогодишните празници“.

Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со новогодишните украси во градот. За загрижените, да информираме дека градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки“.

Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра.
Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани“.

Градоначалничката напомена дека „украсувањето е започнато, а како и секоја година, главниот град ќе блесне со новогодишна магија на 15-ти декември“.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0hhC2hSncUYeG2Y5LP5kKguBBGfF7LTx41p6ZivmTGgq1StGFXL92mavE58rStrmpl&id=100065614894838&mibextid=Nif5oz

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.