АХВ: Не знаеме зошто жителите од Речица се бунат кога тмау не закопуваме свињи

news
Advertisement

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема сознанија зошто се бунат жителите на кумановското село Речица, бидејќи, инспекциските служби на АХВ воопшто немаат активности таму.

Advertisement

Закопувањето на угинатите животни од афиканска чума кај свињите и депопулираните свињи од фармата во село Тромеѓа, каде неодамна од оваа болест, од 660 животни угинаа 60 свињи се врши на локација во село Режановце која за оваа намена е одредена од страна на локалната самоуправа.

По последниот случај во село Тромеѓа, засега состојбата со болеста во Кумановско е стабилна, односно нема појава на нови жаришта. Во заштитната и зоната под надзор во тек е спроведување на активности за ставање под контрола и ерадикација на болеста.

ВИДЕО Хаос во кумановско Речица – тепачка со полицијата, жителите против закопување мртви свињи

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.