Ахмети ги објави имињата на победниците во 14 ограноци на ДУИ

news
Advertisement

Демократската унија за интеграција денеска организираше внатрепартиски избори за консолидација на партиските органи во 14 ограноци, со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

Advertisement

Во текот на овој изборен процес предводен од партиската изборна комисија на ДУИ се гласаше за избор на претседатели на ограноци, членови на ограноците, претседатели на локални совети и членови на раководството на локални совети во ограноците: Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шутка и Велес.Така, избраните во 14 ограноци на ДУИ се следните:

Во Ликово: Мирсад Ибраими

Во Куманово: Ридван Асани

Во Чаир: Беким Незири

Во Бутел: Мухарем Асани

Во Шутка: Илаз Лесковица

Во Петровец: Насер Халити

Во Јегуновце: Елдин Адеми

Во Кичево: Ардита Дани

Во Дебар: Артин Спахиу

Во Крушево: Абиб Веџиу

Во Битола: Лутфи Амето

Во Пласница: Бајрам Карамалески

Во Велес: Локман Салија

Во Преспа: Арјан Муједини

Примената на овој модел при изборот на партиските органи го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.