Ахмети на нова средба со „огнените“

news
Advertisement

По првата средба минатиот четврток, Меџити и Беџети објавија фотографии со Ахмети и порачаа дека се заедно со лидерот, но цврсто против извршната власт во која се наоѓа и Груби
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска треба да одржи нова средба со „огнената група“ која јавно изрази револт за состојбите во партијата за кои како одговорен го апострофираше првиот вицепремиер Артан Груби

Advertisement

Се очекува средбата да започне околу пладне во партиското седиште во Мала Речица.

„Се очекува на средбата да дојдат дел од главните иницијатори како Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити и други“,

брифираат од ДУИ.
Ова ќе биде втора средба на Ахмети со незадоволните интегративци откако минатиот четврток (29 септември) тој имаше две оддели средби со ограноците од Чаир и Сарај, од каде што доаѓаат поголем дел од „огнените“.

Групата во која, покрај ексвицепмреиерот Џафери, се пратеникот Меџити и градоначалникот на Сарај Меџити, спаѓаат и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, пратеничката од Чаир Мерита Колчи Коџаџику и заменик-министерот за одбрана Башки Хасани, јавно објави писмо до Ахмети. Тие побараа од партискиот лидер да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“, а го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово. Обвинија и дека во партијата не постојат и не се формираат статутарните партиски органи, дека политичкото одлучување станало индивидуално, како и дека не постои дебата и консултација со базата.

По првата средба минатиот четврток, Меџити и Беџети објавија фотографии со Ахмети и порачаа дека се заедно со лидерот, но цврсто против извршната власт во која се наоѓа и Груби.

Поранешниот вицепремиер Џафери, пак, по средбата во изјава за „Слободен печат“ рече дека доколку првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри не си поднесат оставки или не бидат сменети од лидерот на партијата, Али Ахмети, „политичката војна во ДУИ ќе ескалира“.

Ахмети, пак, призна дека има меѓучовечки односи кои не се добри, но во целина, како што рече тука се одредени луѓе и овие работи треба да се поправат.

„Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, ограноците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија“,

изјави Ахмети на 29 септември.

Груби, пак, во последниот јавен настап рече дека во ДУИ нема никаков раскол и дека сите се построени зад Ахмети.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.