Баба од Скопје измамена за сума од 215.497 денари

Баба од Скопје измамена за сума од 215.497 денари

news
Advertisement

Advertisement

На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари, соопшти МВР. Според пријавеното во полиција, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во криптовалути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно ѝ била дадена од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement