Бадниковата поворка во Аеродром со коледарска песна го најави Христовото раѓање

news
Advertisement

Коледарите од Аеродром кои се дел од Бадниковата поворка утрово во пресрет на празникот Божиќ со коледарска песна „Вечниот бог“ пред општинската зграда ја најавија убавата вест за Христовото раѓање.

Advertisement

Градоначалникот Тимчо Муцунски, во присуство на Претседателот и членовите на советот на општина Аеродром им поделија коледарски подароци.

„Посакувам ваквото одбележување да прерасне во една убава традиција. Заедничка желба на сите нас е Бадник и Божиќ да донесат љубов, мир и разбирање“, напиша градоначалникот Муцунски на својот инстаграм профил.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.