Банките во земјава нема да прифаќаат готовина во норвешка и шведска круна

news
Advertisement

Поради прекин на врските за размена на ефективни парични средства во овие две валути од страна на деловните банки во Норвешка и Шведска, а поради зголемена претпазливост во врска со нивната регулатива за спречување на перење пари деловните банки во земјава повеќе нема да прифаќаат ефективни парични средства во норвешка круна (NOK) и шведскa крунa (SEK). Од Македонската банкарска асоцијација (МБА) информираат дека за ова има и официјално известување од централните банки на овие две земји.

Advertisement

Оттаму додаваат дека одлуката за прекин на тргувањето со готовина во норвешки и шведски круни од страна на домашните деловни банки нема да влијае на безготовинскиот промет односно клиентите и понатаму ќе можат на девизниот пазар да купуваат и продаваат норвешки и шведски круни, согласно своите потреби, на истиот начин како што од неодамна се одвива и тргувањето со дански круни (DKK).

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.