Батинци, Драчевo, Сопиште протестираат против депонијата Дрисла

news
Advertisement

„Сакаме чист воздух“, „Доволно нè труевте“, „Сакаме животна средина и чист воздух…“.

Advertisement

Ова беа дел од барањата на жителите на Батинци, Драчево, Лисиче, Сопиште и други населени места во близина на депонијата Дрисла на протестот против несоодветнотиот третман на отпадот. Загадениот воздух во нивниот регион е последица од тоа.

Жителите тврдат дека скоро 70% од жителите во овој регион имаат белодробни заболувања, инфекции или рак.

„Направивме неколку анализи во две амбуланти во Батинци. Во една амбуланта лекарите велат дека голем број жители во последните 3-4 години добиле некакво белодробно заболување. Другата амбуланта во Батинци вели дека 68 отсто од пациентите во последните три години се јавиле со болест на белите дробови. Од 2020 до 2023 година само во една амбуланта починале 9 лица, а од рак 12 лица. Само во Батинци на овој главен пат каде има 100 куќи, во последните 15 години починаа 24 лица и две девојчиња, едното почина од рак на 13 години, а другото на 15 години исто така од рак“, реагираат жителите.

Жителите очекуваат брза реакција од Град Скопје, Министерството за екологија и канцеларијата на ЕУ во Скопје.

„Седумдесет проценти од медицинскиот отпад се закопува во земја, што само по себе е еколошка катастрофа, а останатите 30 проценти се согоруваат со помош на печка која нема поставено соодветен филтер за да не ги загадува воздухот и животна средина. Ова се некои од фактите што им ги кажуваме во менаџментот на депонијата Дрисла. Доста! Не сакаме да веруваме дека ЕУ ќе прифати за своја членка држава која го загадува воздухот и животната средина и ги труе сопствените луѓе”, вели еден демонстрант.

Жителите велат дека од оваа депонија освен воздухот, се загадени и подземните води и почвата, па во последните неколку години не можат ни да садат.

„Тука има над 2 и пол илјади домаќинства, на само 800 метри, додека последните куќи се на само 200 метри во близина на депонијата Дрисла. Ги повикуваме надлежните да не ветуваат повеќе… Само бараме да ни се даде основно право да дишиме“, рече еден демонстрант.

Жителите очекуваат соработка и одговор и од еколошките организации. Бараат Дрисла итно да се модернизира со европски стандарди.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.