Бајден го нарече Путин луд кучкин син, Кремљ ја оцени изјавата како „срамна“

news
Advertisement

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“ во синоќешниот говор на собирање средства за неговата кампања.

Advertisement

Бајден зборуваше за климатските промени кога вклучи критики за Путин.

Имаме луди кучкини синови како Путин и другите, и постојано мораме да се грижиме за нуклеарен конфликт, додека егзистенцијална закана за човештвото е климата, изјави синоќа Бајден.

Тој им се обрати на донаторите во приватен дом во Сан Франциско како дел од тридневното собирање средства за кампањата за претседателските избори во ноември, кога ќе се кандидира за втор мандат.

Портпаролот на Кремљ изјавите на американскиот претседател Бајден денеска ги оцени како „срамни“.

„Огромен срам за САД е ако претседателот на таква земја користи таков јазик, тоа е навистина страшно“, оцени денеска портпаролот Дмитриј Песков.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.