Advertisement
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската територија, во време кога Русија се подготвува да анектира делови од Украина, пренесува Ројтерс.
Advertisement
Бајден ги осуди референдумите спроведени од проруските сили во источна Украина и ги нарече „апсолутна лага“.
„Резултатите беа измислени во Москва“, рече Бајден по разговорите со лидерите на островите во Пацификот.
Advertisement