Без договор меѓу Вучиќ и Курти во Брисел, разговорите ќе продолжат

news
Advertisement

Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија која во 2008 година со поддршка на западните земји предводени од САД еднострано прогласи независност, Албин Курти, не пронајдоа решение на „кризниот состанок“ во Брисел во четвртокот, но се договориле дека ќе ги продолжат разговорите следните денови за да се ублажат тензиите, изјави комесарот на надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел.

Advertisement

„За жал, денска сѐ уште не постигнавме договор… но тоа не е крајот, двајцата челници се согласија дека процесот мора да продолжи и дека разговорите ќе продолжат следните денови“, изјавил Борел за новинарите по одделните средби со Вучиќ и Курти, пренесува Reuters.

„Сѐ уште има време до 1-ви септември, нема да се откажам“, додал шефот на ЕУ-дипломатијата зборувајќи за рокот во спорот околу регистарските таблички и идентификациски документи меѓу Белград и Приштина поради што на крајот од јуни интервенираа косовските специјални сили на доминантно српскиот север на покраината каде Србите подигнаа барикади.

Ситуацијата се смири откако вечерта имаше директни разговори меѓу челниците на српските сили и меѓународните единици предводени од НАТО на Косово, и по притисокот на САД одлуката на Приштина да биде одложена за еден месец, до крајот на август.

„Мислам дек и претседателот Вучиќ и премиерот Курти сфатија дена не постои алтернатива на дијалогот за да се реши овој проблем“, рекол Борел, пренесе германската агенција DPA.

Борел додал дека на двајцата политичари им порачале дека во време кога во Европа беснее војна, се га е момент за барање мир и стабилност.

„Гледаме дека војната се врати на нашиот континент по руската инвазија на Украина. Се соочуваме со драматичен и многу опасен момент“, истакнал Борел.

НАТО ја зголеми својата присутност кон административната линија на раздвојување, а очевидец за Reuters во четвртокот рекол дека видел како американски и полски војници патролираат на два правца кон премините кон Србија.

Портпаролот на НАТО изјави дека позицијата на нивните сили во рамките на КФОР е насочена на осигурување мировните сили да можат брзо да реагираат на сите безбедносни предизвици.

„Сакавме да ги увериме сите дека КФОР е подготвен да интервенира доколку биде потребно“, рекол портпаролот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.