БЕКИМ НЕЗИРИ НА СЛОБОДА, само без пасош, одлучи Апелација

news
Advertisement

Беким Незири на слобода е на слобода за упадот во М-НАВ, но останал без пасош откако Апелацискиот суд ја прифатил жалбата да го пушти од куќен притвор.

Advertisement

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста, медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, информира дека постапувајќи по жалбите на осомничените А. Р и Б. Н двајцата од Скопје, во предметите КСЖ 63/24 и КСЖ.бр.59/24, донесе Решенија со кои жалбите на осомничените ги уважи, а решенијата на кривичниот совет на првостепениот суд ги преиначи, на начин што мерката куќен притвор ја укина, а ги остави во сила определените мерки на претпазливост, кои во овој момент претставуваат доволна гаранција за обезбедување на присуството на осомничените, велат тие.

Додаваат дека судот, ценејќи ги доказите приложени кон доставениот предлог за определување на мерка притвор, а имајќи предвид дека единствен доказ кој се однесува на осомничените е потврдата за привремено одземени предмети како и наводите во изјавената жалба на ОЈО Скопје против Решението на судијата на претходна постапка и образложението на обжаленото решение, оцени дека во истите не се приложени докази ниту се истакнати факти и околности кои укажуваат на реална опасност од бегство на осомничените, страв од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, ниту се наведени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, а имајќи ги предвид личните прилики на осомничените и нивното однесување по сторување на кривичното дело за кое се сомничат.

При одлучувањето овој суд ги имаше во предвид и дадените предлози на Вишото јавно обвинителство Скопје со кои се предлага да се уважат жалбите на осомничените, стои во соопштението.

Извор. https://vecer.mk/makedonija/bekim-neziri-na-sloboda-samo-bez-pasosh-odluchi-apelatsija-50d8a043-9387-46c0-a1d7-b147b3b0c79a?utm_content=buffer0a7d7&utm_medium=social&utm_source=facebook.com&utm_campaign=buffer&fbclid=IwAR1NONFMI-Y1lRYbPIMpg85vRDSMVmckibD0tnv9oltGp5xhVFb_rR_BS_E

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.